Македонец кој боледува од церебрална парализа ќе учествува на Охридски меѓународен атлетски маратон

by fokus

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември, јави електронското издание на весникот „Илинден“.

– Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба да со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција. Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, изјавија за весникот од Организацискиот одбор на маратонот.

Поврзани новости