Мајката на Тамара за „Фокус“: Не знам од каде татко ми нашол пиштол, ние сме револтирани, но убиството не е решение

by Fokus

Мајката на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривен рбет и почина чекајќи Фондот за здравство да одобри лекување во странство во изјава за „Фокус“ тврди дека е шокирана, откако од медиумите слушнала дека нејзиниот татко денеска пукал во екс министерот за здравство Никола Тодоров.

– Шокирана сум. Не можам да си дојдам при себе. Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто, не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилство – тврди Жаклина Димовска за „Фокус“. 

И.М.

Поврзани новости