Мајката на Пино: Имам пријава од Заев за вознемирување

by fokus 09:56
09:56

Мајката на исчезнатото момче Пинета Секондо – Пино, Маја Трпковска, вели дека премиерот, Зоран Заев, ја пријавил за вознемирување. На вчерашниот протест пред Собранието, Трпковска повторно побара од истражните органи да го пронајдат нејзиниот син.

-Контактирав со премиерот, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Затоа што кога премиерот ме пријави, сите тие што ќе ме пријават после се нула во споредба. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање – рече таа.

- Advertisements -

Трпковска изјави дека пред околу три недели е извршена потрага околу Смилковско езеро, но дека не е најдена трага од исчезнатите лица.

-Тоа беше непотребно трошење пари на државата. Тогаш беа трите случаи, сега се четири, исчезнат е човек од четриесетина година. Знам дека моето дете не е во Смилковско езеро, од кога исчезна три пати бев во езерото – додаде таа.

Таа обвинува дека инспекторите во МВР се неажурни во потрагата.

На протестот беше и таткото на исчезнатиот Арбен Аслани, Бекир Аслани, кој рече дека два месеци се работи на видео записот на кој последен пат е снимен неговиот син.

-Не се ни јавија да ни кажат информации за потрагата во Смилковско езеро. Син ми заминал со туѓо возило. Има само снимка како влегува во колата. Два месеци се работи на таа снимка зошто е темна, ама ништо не направија. Го повикувам МВР да не штити никого. Телефонот на мојот син, според листинзите, е најден со сигнал кај Јане Сандански во Аеродром. Последна активност на телефонот му била во 22 часот – рече тој.

 

Поврзани новости