Мајка Тереза да го носи името на меѓународен орден за заслуги

by Фокус

Ние треба да сме горди затоа што имаме сограѓанка светица, рече претседателот Ѓорге Иванов по свеченоста во Ватикан на која мајка тереза беше прогласена за светица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, пак, најави дека ќе покрене иницијатива за  воспоставување со закон меѓународен орден за заслуги “Мајка Тереза” кој би се давал на истакнати жени од светот со особени и вонредни достигнувања во различни области особено во областите како филантропијата, хуманизмот.

„Замислата е орденот за заслуга да се воспостави со точен ред и прецизни критериуми со единствен домашен и меѓународен борд во кој задолжително би учествувал секој министер за надворешни работи од Македонија, но во бордот би биле, покрај него и други личности од Македонија, а би имало и истакнати високо авторитетни личности од различни држави и области во светот“, напиша Груевски на фејсбук.

Обединетата македонска дијаспора смета дека Мајка Тереза е симбол за единство во Македонија и затоа 4 септември ќе бдие историски ден за македонскиот народ.

Поврзани новости