Мајка со нож го избодела поранешното момче на ќерка си

by fokus

Четириесет и двегодишна скопјанка со нож избодела 37-годишен маж, кој претходно бил во љубовна врска со нејзината ќерка.

Инцидентот се случил синоќа на полноќ на улицата „Њу Делхиска“ во Скопје.

– А.Н. (42) од Скопје со нож му нанела убодна рана на И.И. (37) од с.Сарај. Причина за настанот е претходна расправија која И.И.  ја имал со нејзината ќерка К.Б., со која претходно бил во љубовна врска, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека повредениот бил однесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани новости