Мајка и четири деца изгореа во пожар во Тетово

by fokus

Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал утринава во нивната куќа во населбата Поток во Тетово.

Фатиме Зулбеари била на 38 годишна возраст, додека нејзините деца на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете.

Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.

Поврзани новости