Иванова во посета на Детската болница во Мичиген: Аутизмот не познава големи и мали, богати и сиромашни држави

by Fokus

Во рамки на работната посета на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген.

Сопругата на македонскиот претседател од менаџментот беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот.

– Често велам дека аутизмот не познава големи и мали држави, богати и сиромашни држави, туку тоа е проблем за којшто треба да работиме. Во рамки на работната посета на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген.

Сопругата на македонскиот претседател од менаџментот беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот.

– Често велам дека аутизмот не познава големи и мали држави, богати и сиромашни држави, туку тоа е проблем за којшто треба да се обединиме и да работиме сите. Активноста што ја започнав за аутизмот во Македонија, потекнуваше токму од овде, од Соединетите Американски Држави, кадешто присуствував на конференциите што се организираат од организацијата Autism Speaks и веднаш по враќањето ги продолжив моите активности во Македонија. Почнав да ја подигам јавната свест, да бидам гласноговорникот во Македонија за подигање на јавната свест дека аутизмот во Македонија постои, и треба да се обединат сите, да се соочат со тој проблем и едноставно да почнат со негово решавање. Меѓутоа не застанувам тука, затоа што аутизмот не познава само активности, туку познава обединување на сите оние што треба да работат на овој проблем, почнувајќи од образовниот систем, од здравствениот систем, од невладините организации. Посетата на оваа болница ми е големо искуство, затоа што видов дека овде здравствената заштита на децата е на највисоко можно ниво, со најсовремена опрема, со најмодерна опрема. Се надевам дека мојата посета овде ќе биде една иницијатива да се продолжи натаму со соработката помеѓу оваа болница и Детската болница во Скопје. Се надевам дека оваа посета ќе вроди со плод, изјави Иванова.

Луан Евалд, главен извршен директор на Детската болница на Мичиген пПосочи дека разговарале за начините како може да разменат информации, како американските лекари можат да соработуваат со македонските, за подобро здравје на децата.

Иванова е носител на повеќе иницијативи за подобрување на здравјето и унапредување на здравствената заштита на децата. Нејзините напори и активности се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест. Меѓу бројните реализирани активности, под нејзино покровителство, во 2016 година во Скопје беше отворен Центарот за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања, а во 2013 година беше отворен првиот Детски ургентен центар во Република Македонија.

За време на работната посета на претседателот Иванов на САД, предвидено е Иванова во Њујорк да присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на ОН во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, додаваат од Кабинетот на Иванов.

реба да се обединиме и да работиме сите. Активноста што ја започнав за аутизмот во Македонија, потекнуваше токму од овде, од Соединетите Американски Држави, кадешто присуствував на конференциите што се организираат од организацијата Autism Speaks и веднаш по враќањето ги продолжив моите активности во Македонија. Почнав да ја подигам јавната свест, да бидам гласноговорникот во Македонија за подигање на јавната свест дека аутизмот во Македонија постои, и треба да се обединат сите, да се соочат со тој проблем и едноставно да почнат со негово решавање. Меѓутоа не застанувам тука, затоа што аутизмот не познава само активности, туку познава обединување на сите оние што треба да работат на овој проблем, почнувајќи од образовниот систем, од здравствениот систем, од невладините организации. Посетата на оваа болница ми е големо искуство, затоа што видов дека овде здравствената заштита на децата е на највисоко можно ниво, со најсовремена опрема, со најмодерна опрема. Се надевам дека мојата посета овде ќе биде една иницијатива да се продолжи натаму со соработката помеѓу оваа болница и Детската болница во Скопје. Се надевам дека оваа посета ќе вроди со плод, изјави Иванова.

Луан Евалд, главен извршен директор на Детската болница на Мичиген пПосочи дека разговарале за начините како може да разменат информации, како американските лекари можат да соработуваат со македонските, за подобро здравје на децата.

Иванова е носител на повеќе иницијативи за подобрување на здравјето и унапредување на здравствената заштита на децата. Нејзините напори и активности се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест. Меѓу бројните реализирани активности, под нејзино покровителство, во 2016 година во Скопје беше отворен Центарот за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања, а во 2013 година беше отворен првиот Детски ургентен центар во Република Македонија.

За време на работната посета на претседателот Иванов на САД, предвидено е Иванова во Њујорк да присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на ОН во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, додаваат од Кабинетот на Иванов.

Поврзани новости