Магла на неколку патни правци

by Fokus

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри вечерва има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар, до 100 метри на патот Македонски Брод – Кичево и од 50 до 100м. на патниот правец Неготино – Демир Капија, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости