Магистралниот пат Ресен-Битола-Прилеп затворен за сообраќај

by fokus

АМСМ  утрово информира дека поради одрони на патот се уште е затворен магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ потсетува и дека иако обиколницата крај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Поврзани новости