Магдалена Несторовска, нов државен секретар во МВР

by Fokus

Магдалена Несторовска е избрана за нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Таа беше координатор на советничката група во општина Карпош од редовите на СДСМ, која „благодарение“ на Стевчо Јакимовски пред две години седна на обвинителна клупа, откако откри дека градоначалникот за неполни три месеци склучил два договора за набавка на спортски гаќички, маички и тренерки во износ од 120 илјади евра. Тој ја тужеше советничката и бараше од неа отштета од 80 илјади евра, но го изгуби судскиот спор.

Претходно, додека беше во функција владата од Пржино, Несторовска беше Шеф на кабинет на Оливер Спасовски. Tаа, исто така долги години беше државен советник за човечки ресурси во Министерството за одбрана.

 

Поврзани новости