Мадрид е во сериозна опасност поради корона вирусот

by Fokus

Шпанскиот министер за здравство побара од властите во Мадрид да ги засилат мерките во тоа жариште на епидемијата на новиот корона вирус, предупредувајќи дека жителите на градот и околните региони без поостри мерки се во „сериозен ризик“.

– Мадрид е во ситуација на сериозен ризик и време е да се дејствува одлучно, рече министерот за здравство Салвадор Ила на прес-конференција.

– Постои сериозен ризик за жителите, за соседните региони, додаде тој, повикувајќи ги градските власти „да го стават здравјето на граѓаните на прво место“.

Мадрид продолжи делумен карантин од вчера во неколку десетици квартови со повисоки стапки на инфекција, отфрлајќи ги препораките на Владата за воведување карантин за целиот град, бидејќи случаите на инфекција во главниот град продолжуваат да растат.

Поврзани новости