Маџиров ќе биде погребан во Струмица

by fokus 14:48
14:48

Музичарот Зоран Маџиров, кој почина вчера по седум месеци минати во кома, ќе биде погребан утре, на градските гробишта во неговиот роден град Струмица.

Погребалната церемонија ќе се одржи од 13 до 15 часот, ја информираше јавноста неговата сопруга Ели Маџиров.

- Advertisements -

Зоран, познат во целиот свет како човекот со шишињата, падна во длабока кома, по сообраќајната несреќа што се случи на патот помеѓу Радовиш и Струмица, а вчера ја изгуби битката за живот.

На градските гробишта во Струмица е погребан и неговиот брат Игор, талентираниот актер познат како детето со црвена коса, кој почина пред 17 години.

 

 

Поврзани новости