Мачка и ќеркичката Хана меѓу фановите на Тамара на аеродромот во Скопје

by fokus

Се зголемува бројот на фанови кои се собраа на скоспкиот аеродром каде ќе ја пречекаат претставничката на Македонија на овогодинешното издание на Евровизија, Тамара Тодевска. Авионот на Тамара од Тел Авив доцни веќе неколку часа, но треба да пристигне околу 23.30 часот.

Обожавателите на Тамара пристигнаа на Аеродромот дел организирано со автобуси, а дел со сопствен превоз. Меѓу нив е и потесното семејство на поп ѕвездата, нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка и нејзината ќеркичка Хана, која ја очекува со нетрпение.

Таткото на Тамара, Велко Тодевски, кој е поранешен професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност, уште еднаш ги пренесе своите импресии од синоќешиот настан.

-За три минути Тамара направи симфонија, така добро ја долови мелодијата. Јас сум истументалист, сум свирел во животот не знам на колку концерти, сум свирел во Концертхаус во Вина, како солист, но не сум се осеќал толку возбудено како сега Тамара кога пееше – рече Велковски за 1ТВ, која ја пренесува атмосферата на скопскиот аеродром во живо.

Според информации од Меѓународниот аеродром Скопје авионот на Тамара доцни со слетување поради силниот јужен ветер над Скопје.

Поврзани новости