Маас во последен обид да ја спречи офанзивата во Идлиб

by fokus

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска треба да се сретне со рускиот министер Сергеј Лавров, во последен обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката сириска област Идлиб.

– Знаеме колку се високи влоговите. Ова го правиме со цел да ја спречиме најлошата можна хуманитарна катастрофа, изјави Маас пред средбата која треба да се одржи во Берлин, јави новинската агенција ДПА.

Се проценува дека во Идлиб има околу три милиони жители, и дека, во случај областа да падне под сириска контрола, околу милион од нив може да се упатат кон Европа. Претходниот обид на Турција да ја стопира офанзивата, која е во тек, исто така не вроди со плод. Маас побара да се работи за изнаоѓање на политичко решение на спорот околу Идлиб – последната поголема сириска област што е под бунтовничка контрола.

Поврзани новости