Маалските полицајци се враќаат во Штип

by fokus

Маалските полицајци се враќаат на подрачјето на СВР Штип со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Штип и ПС Кочани.

-Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип е мирна и стабилна. Денеска им дадов задача на началникот и неговите соработници да започнат со подготовка за реализирање на проектот за маалски полицаец и враќање на позорникарите на улиците на СВР Штип . Тоа ќе го направиме и во другите градови. Маалскиот полицаец е најдобар партнер со граѓаните и на тој начин заеднички ќе ја зголемиме безбедноста – рече министерот Спасовски.

На денешните средби во СВР Штип и ПС Кочани се разговараше и за условите за работа на полицајците и проблемите со кои се соочуваат.

Поврзани новости