МААА со Златна плакета за професорот Никола Јанкуловски

by Fokus

По повод 24-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи со САД и посетата на Управниот одбор на Европската мрежа на американски алумни организации (ЕНАМ), на 14 септември 2019 година беше организиран прием во организација на Македонско –американската алумни асоцијација (МААА).

На приемот се обратија Лук Захнер, советник за односи со јавност на Амбасадата на САД, Тониа Арахова, генерален секретар на ЕНАМ и проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на МААА.

За поддршката на ревитализацијата и мисијата на организацијата како и унапредувањето на македонско – американските односи, Златна плакета на МААА му беше доделена на Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски. Ректорот Јанкуловски се заблагодари за наградата и потенцираше дека е почестен што ја добива наградата од Македонско – американската алумни асоцијација. Тој нагласи дека соработката со американските универзитети е врвен приоритет и дека и понатаму ќе ја поддржува академската размена со САД и функционирањето на организацијата.

На приемот присуствуваа повеќе од 100 членови и гости на организацијата.

Поврзани новости