Љутфиу: Нема злоупотреби, Адеми трошел пари со причина

by fokus

Основното јавно обвинителство го разгледува ревизорскиот извештај за Министерството за образование, кој утврди големи злоупотреби на буџетските пари во времето на министерот Абдулаќим Адеми.

Државниот завод за ревизија го доставил извештајот во обвинителството, а истиот  го испитува и Комисијата за спречување корупција, но од таму засега не коментираат до каде е анализата и кои активности ќе бидат преземени против Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски.

Извештајот нотираше недомаќинско трошење на буџетот на министерството од страна на соработниците на Адеми, кои потрошиле над 200 илјади евра само на патувања, скапи јадења и хотели со пет ѕвезди.

Наследникот на Адеми, Пиштар Љутфиу пак, денеска децидно ги отфрли обвинувањата за злоупотреба на дражвните пари и вели дека секој денар бил потрошен со причина.

-Нормално е еден министер да оди во ресторан да јаде со делегација од странство или со неговиот кабинет. Тие беа многу тенденциозни и мидлам не треба да дадеме многу влијание на овие работи. За секој цент од министерството си има фискална сметка, си има сметко потврда и тие веќе се во Ревизија – рече министерот за образование Љитфиу.

Министерот ги негираше и забелешките од ревизорите за вработените кои не можат да се најдат во евиденцијата за работни часови како и решенијата за годишни одмори.

Поврзани новости