Љупчо Јолевски со промоција на ,,Радио” во Кавадарци

by fokus

Утре со почеток од 20 часот во Галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се оддржи промоција на книгата ,,Радио“ од познатиот македонски новинар Љупчо Јолевски.

Книгата ,,Радио“ ја чинат повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии и илустрации. Таа претставува субјективен избор на авторот од прилозите, односно текстовите пишувани и објавени за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик. Поделена на неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија…

Преку информациите, најавите, разговорите, интервјуата, рецензиите, освртите, се обидува да понуди негово видување на македонската култура во изминатава половина декада.

Како дел од промоцијата ќе се случи и музичко – сценски перформанс со актерот Игор Трпчески и пијанистката Дуња Иванова, хармоникашот Јордан Костов и гитаристот Давид Нешковски.

Свое кратко обраќање ќе има и авторот на книгата Љупчо Јолевски. Неговото дело е еден вид на новинарска хроника на модерната македонска култура и уметност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости