Љупчо Димовски завчера беше на протест, сега недостапен за полицијата?

by fokus

Пратеникот Љупчо Димовски е еден од шестeмина кои се уште не се достапни на полицијата, а се осомничени за настаните во Собранието на 27-ми април, неофицијално дознава Алсат М од извори во истрагата.

МВР и Обвинителството и натаму одбиваат да го соопштат идентитетот на останатите осомничени лица по кои се трага.

Инаку, Димовски беше на завчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше ослободување на сите осомничени за настаните на 27 април.

Поврзани новости