Љума: Се надевам дека нема да поминат 25 години за повторно некој од кај нас да направи нов филм за кој ќе знаат сите!

by fokus

Еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума не ја криеше среќата од сите успеси на филмот, кој за жал не успеа да освои Оскар.

Како што истакна тој, вистинско уживање било да се присуствува на свечената церемонија „Оскар“.

„Јас уживав на тепихот и реакциите се неверојатни. Бевме рамо до рамо со многу ѕвезди. Сите сакаа да се сликаат со Атиџе. Можам слободно да кажам дека „Медена земја“ ми го промени животот. Овој филм е направен со голем ентузијазам. И навистина ми е драго што се направивме сами, без некакви скапи продукции и финансии. Се надевам дека нема да поминат 25 години за повторно некој од нас да направи нов филм за кој ќе знаат сите“, порача Љума.

Ј.Ц.

Поврзани новости