Луксузниот бренд „Jacob & Co“ од денеска прифаќа плаќање во криптовалути

by fokus

Клиентите на брендот за часовници и накит „Jacob & Co“ отсега ќе може да плаќаат со криптовалути. Компанијата соопшти дека склучила партнерство со крипто берзата CEX.IO, преку која ќе може да се вршат плаќањата.

Купувачите на овој лукзузен бренд ќе може да плаќаат со биткоини, етериуми, како и со други признати криптовалути.

Од „Jacob & Co“ велат дека користењето на размената е прилично едноставно, а потребни се неколку чекори. Прво, лицето ја избира криптовалутата што ќе се користи за плаќање. Прикажана е проценка на цената што е еквивалентна на цената на производот.  Потоа лицето го скенира QR-кодот за да ја испрати уплатата во криптовалута.

-Нашиот бренд е препознатлив по користење нова технологија за создавање невидени часовници и накит. Прифаќањето на крипто е неизбежно, а технологијата што стои зад тоа не може да се игнорира. Почувствувавме дека е вистинско време да ја поддржиме иновативната технологија што наскоро ќе се користи на глобално ниво во повеќе сектори, изјави директорот на „Jacob & Co“, Бенџамин Арабов.

Поврзани новости