Лукаревска: ВМРО влече назад, СДСМ води напред

by fokus 22:46
22:46

СДСМ е постојано на терен и граѓаните, во секое населено место, во сите маала кадешто разговараме со граѓаните и од вас црпиме идеи, го слушаме вашиот глас и заедно го создаваме најдоброто за сите, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина во Гевгелија.

-За младите даваме иднина и перспектива, за пензионерите повисоки пензии, за работниците повисок стандард и покачени плати, а сите сме горди граѓани на земја членка на НАТО, интегрирана по европскиот пат. Наша единствена алтернатива е ЕУ, продолжуваме директно не скршнуваме од реформскиот процес наречен ЕУ и не смееме да дозволиме да победат оние што имаат скепса кон овие политики – рече Лукаревска.

- Advertisements -

За разлика од лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, додаде таа, СДСМ се однесува искрено кон граѓаните и, како што нагласи, нуди концепт што води напред.

-Не смееме да дозволиме да се враќаме назад, СДСМ нуди напредок ВМРО-ДПМНЕ блокади, ние нудиме раст и развој, тие уназадување, СДСМ нуди искрен пристап, ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, СДСМ гради еднакво општество за сите, ВМРО-ДПМНЕ градеше општество за богатење поединци, СДСМ води напред ВМРО-ДПМНЕ влече назад – порача Лукаревска.

Поврзани новости