Лукаревска: Компаниите кои земале државна помош имаат рок од една недела да ја исплатат платата за ноември

by fokus

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција во Владата уште еднаш апелираше до компаниите кои не ја исплатие ноемврската плата на вработените, а земале финансиска помош од државта, во рок од една седмица да исплатат.

„Бројот на фирми кои не ја исплатиле ноемвриската плата на вработените, а имаат земено финансиска помош од државата, се намалил од 29 декември до 31 декември. На сите компании кои не ја исплатиле платата, им е врачена опомена, и рок од една седмица. Во спротивно ќе следува присилна наплата, со блокада на сметките и префрлување на средства на вработените“, рече Лукаревска.

Лукаревска истакна дека има и неколку фирми кои не ја исплатиле и октомвриската плата, иако земале финансиска помош, и за нив ќе следуваат соодветни санкции.

Поврзани новости