Лука Модриќ: Се вљубил во Вања на 19 години, ги продал свадбените фотографии!

by Fokus

Популарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ и неговата сопруга Вања, со која имаат три деца, познати се како пар кој има хармоничен живот, и кој воопшто не се променил поради големата слава и богатство.

Модриќ, кој е дел од тимот на Реал Мадрид, често објавува семејни фотографии, и никогаш не криел дека семејството му е секогаш приоритет. За Вања, која е шест години постара од него, во својата автобиографија раскажа дека ја запознал на свои 19 години, и доволна била една средба и разговор, за да сфати дека е вљубен во неа.

Во тој период, таа работела како економист во спортска агенција, а тој играл за ФК Динамо. Прв пат се слушнале по телефон, во работен разговор, а потоа тој ја повикал на кафе, за да и се заблагодари за помошта.

-Сфативме дека имаме исти ставови и заеднички погледи на животните приоритети. Уште пред да ја поканам да излеземе за првпат навечер, јас бев вљубен во неа. Таа вечер во 2004 година за прв пат се бакнавме, и никогаш порано не сум почувствувал таква среќа – пишува фудбалерот во својата книга ,,Моја игра”.

Шест години биле во врска пред да се венчаат, а една година потоа направиле и црковна венчавка. Решиле фотографиите од свадбата да ги продадат, а средствата од нивната продажба ги намениле на Домот за деца Маестрал и на организацијата Ватрено срце.

Во бракот ги добија синот Ивано и ќерките Ема и Софија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости