Луѓе со меѓународна потерница стојат зад обидот за преземање на Макпетрол

by Фокус

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во интервју за Телма потврдува дека меѓу личностите кои стојат зад сомнителниот капитал кој се обидува да го презеде Макпетрол има луѓе со меѓународни потерници.

– Не треба тие луѓе да се пуштаат тука. Има потерници по нив. Тие се наоѓаат под меѓународни санкции, доколку го имате во предвид познатиот украински олигарх Сергиј Курченко. Издадена потерница по него за поддршка на сепаратизмот на Истокот на Украина. Така да тука има уште и политичка обоеност – изјави Гончарук.

Поврзани новости