Лудувал со „бмв“ на аеродром, па „летал“ од работа

by fokus

Навдип Синг Рандава (31) остана без работа, бидејќи решил малку да „се забавува” на аеродромот Хитроу во Лондону, возејќи „бмв“ М6 со брзина над 230 километри на час.

Негова работа била да ги паркира автомобилите на патниците, па во една прилика одлучил да си поигра со својот адреналин и со туѓо возило, по што ја загубил возачката дозвола, од која пак му зависи работата.

Дозволата му е одземена во негово отсуство, а Мандава по писмен пат се обидел да се оправда.

Сепак, тој покрај тоа, ќе мора да плати и казна од 650 фунти.

Поврзани новости