Љубојна го откажа настапот, струмичани заиграа оро

by fokus

Етно бендот „Љубојна“ го откажаа својот настап непосредно пред владината прослава за НАТО и ЕУ синоќа во Струмица. Како што пренесува порталот „Струмицанет“, „Љубојна“ беа планирани заедно со „Чалгија Саунд систем“, но на нивно место настапи блех оркестарот „Кочани оркестра“.

Граѓанска прослава за НАТО во Струмица

Publiée par Радио СтрумицаНет sur Samedi 14 juillet 2018

Претходно „Љубојна“ се огласија преку својот фејсбук профил и порачаа дека ќе настапат и покрај тоа што нивните мислења не се во корелација со целта на прославата.

„Настапот на Љубојна, кој што сите нé растревожи, во сабота на 14.07, е закажан многу порано пред да знаеме за каков настан се работи и не е поврзан со личниот став на членовите на групата. Љубојна ќе настапи во свој манир, со добро познатата автентична програма и ќе продолжи и понатаму да ја презентира нашата музичка култура во земјата и во светот, без никакви отстапки.
Парите ќе бидат донирани за терапијата на едно болно детенце, како и на “Одделот за традиционална музика и игра” при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, за понатамошен развој и истражувачка дејност.
За сета “лавина” од сите вас кои искрено ни се обративте, како и вие дежурни фб “душегрижници”, ви благодариме и продолжуваме посилно. Музичарите не се и не треба да бидат бедем за револт и распетие!“, напишаа од „Љубојна“ во петокот.

Поврзани новости