Љубителите на авантура викендов на планина: Крушево ве повикува на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“

by fokus

Утре започнува фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“, која втора година по ред се организира во текот на зимата. , а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од цела држава.

Ваквиот настан носи неколку илјади туристи во Крушево секоја година благодарение на содржини како планинарење, тандем параглајдинг, музички забави и друго.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски смета дека When in Krusevo има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

„Досега имавме неколку изданија на летното и зимското When in Krusevo, настан кој општина Крушево активно го поддржува заради тоа што истиот покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град. Ги покануваме сите да не’ посетат претстојниот викенд“, изјави градоначалникот Христоски.

Фото – Димитар Ангелкоски

Поврзани новости