Љубе на распит кај Катица

by Фокус

Љубе Бошкоски во 13 часот ќе се појави на распит кај специјалната обвинителка Катица Јанева. Тој со полициско обезбедување ќе биде пренесен од затворот Идризово. Неофицијално ќе биде испрашуван за досието „Кампања“ во кое беше осуден на пет години за нелегално финансирање на изборната кампања.

Нема информации што конкретно ќе го прашуваат, но неофицијални извори тврдат дека голем интерес кај специјалните обвинители предизвикал целиот процес, особено исказот на заштитетниот сведок. Неизвесно е каква одлука ќе донесе обвинителството, но Бошкоски ја одлежа затворската казна и се очекува за неколку месеци да излезе, најрано во март, а најдоцна во јуни.

Не се исклучува можноста понатаму и предметот „Ровер“ да го преземе тимот на Јанева.

Поврзани новости