ЛП: ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се разобличени

by Фокус

Либералната партија одржа Собрание од кое покрај другите заклучоци и пораки произлезе и ставот за актуелната политичка ситуација. Во изјавата, претседателот Ивон Величковски, повика на мирно решение.

-Како либерали, имаме одговорност не само да повикаме, туку и да дејствуваме во оваа насока. И ние овде присутните, и сите ние и во Скопје и ширум државата да придонесеме кон тоа наместо кон старите поделби, да одиме заеднички кон консолидирана држава и општество. И секако, и ние, и членовите на другите партии, да бидеме одговорни. Да водиме одговорна политика и кон граѓаните, и кон државата, и кон локалните заедници во кои живееме.

Жално е што партиите на власт и нивните функционери сакаат да се зголеми притисокот и да се наруши редот и демократската атмосфера во текот на еден ден во кој православните верници се сеќаваат на свои блиски кои веќе не се меѓу нив.

Со тоа се демистифицираат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Потсетувам, сите подбуцнувачи на процесот, без оглед на нивните верски, политички, етнички… припадности и позиции – мора да се свесни дека за подбуцнување на нетрпеливоста ќе сносат одговорност пред законот, нагласи Величковски.

Поврзани новости