ЛП: Власта се обидува кумановското сценарио да го преслика во Скопје

by Фокус

-Јасно е дека вчерашниот напад врз граѓани на Скопје по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи има етнички предзнак и претставува најава на она што треба да се случува по секој „натпревар од висок ризик“. Со отсуството на полицијата при нападот на хулиганите, власта создава претекст на сето она што може да го очекуваме по секој ваков сличен настан. Отсуството на информации за овој настан во медиумите на македонски јазик е дополнителна илустрација за наведеното, реагираат од Либералната партија по вчерашниот инцидент на скопскиот плоштад.

Според ЛП, директна вина за настанот  се исцртува во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а молчењето на нивните идни коалициони партнери покажува дека биполарноста и бинационалноста останува единствена карта во игра на „големите“ партии.

-Затоа, имајќи го предвид сето наведено, а тргнувајќи од фактот што плоштадот е дел од градот покриен со камери, доколку МВР веќе утре не излезе со податоци за осомничените и истите не ги приведе, јасно е дека МВР и власта се обидуваат кумановското сценарио да се преслика и во Скопје, пишува во реакцијата на ЛП.

Либералната партија предупредува вчерашните слики во Скопје се најава за тоа што ќе се случува во следната прилика, со оглед на тоа што Македонија ќе игра квалификационен натпревар со албанската репрезентација.

Поврзани новости