ЛП се солидаризира со неприфаќање на изборните резултати

by Фокус 22:27
22:27

Извршниот комитет на Либералната партија пред вечерашното пребројување истакнa дека се солидаризира со ставот на мнозинството опозициски партии за неприфаќање на резултатите од денешните избори.

„За Либералната партија регуларноста на изборите не зависи само од денот на гласањето, туку од целокупната атмосфера во предизборниот период, употребата на институциите и органите на државата и од слободата на изразувањето на сопственото политичко уверување. За ЛП е јасно дека Република Македонија влегува во нова политичка состојба. Нејзиниот расплет очекуваме да започне од моментот кога ќе започне расчистувањето на аферите пласирани меѓу двата изборни круга“, се вели во соопштението на либералите.

- Advertisements -

Поврзани новости