ЛП: Нападот врз новинарот на Телма е најава за „демократските“ избори на 11 декември

by fokus

Либералната партија го осуди синоќешниот напад врз новинарот на телевизија Телма, во текот на вршењето на неговата работа, истакнувајќи дека не станува збор за исклучок, имајќи предвид дека тоа е веќе шести таков случај.

-Имајќи ја предвид атмосферата што се создава пред изборите и со оглед на дрскоста како е изведен, оценуваме дека нападот врз Беловски е само најава за тоа колку изборите на 11 декември ќе бидат „демократски и кредибилни“, рече претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Од партијата додаваат дека и овој напад е мотивиран од политиката која две децении новинарите и медиумите ги гледа како „огласна табла“, а не како општествено-одговорна и ценета професија.

Поврзани новости