ЛП: МВР сака да го „дисциплинира“ Економски кој може да обезбеди вештачења за СЈО

by fokus

Либералната партија оценува дека целта на акцијата на МВР на Еконосмкиот факултет е пасивизирање и „дисциплинирање“ на вистинската институција што може да обезбеди кредибилни вештачења и проценки за текот на финансиските средства од интерес на Специјалното јавно обвинителство.

Од ЛП ги поставија и нивните барања поврзани со актуелните политички процеси. Бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство како гаранција за неговата работа во иднина, потоа формирање на преодна влада, која според ЛП треба да биде концентрациона, и која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори, да се формира специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО и задолжително вклучување партии, надвор од „пржинската четворка“ и претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата.

Поврзани новости