ЛП: Иванов создаде вонредна состојба и мора да сноси одговорност

by Фокус 10:34
10:34

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичарите кои се поврзани со политичката криза и аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот на Република Македонија, реагираат од Либералната партија.

Тие посочуваат на член 9 од Уставот, според кој „граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред уставот и законите се еднакви“.

- Advertisements -

Според Либералната партија, со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена, „класна“ позиција во однос на сите „останати“ граѓани на Република Македонија.

– Со тоа, Иванов го прекрши Уставот и создаде вонредна состојба во земјата.Слушнавме дека и ВМРО-ДПМНЕ изрази „фрапираност“, „неверување“ и „несогласување“ со потегот на Иванов, и СДСМ изрази оценка дека потегот е еднаков на „државен удар“. Ги охрабруваме пратениците да пристапат кон отпочнување на постапките за утврдување одговорност на Иванов – велат од ЛП.

 

Поврзани новости