ЛП: „Doing Business“ е недоволен за економски напредок на Македонија

by Фокус

 Комисијата за економија и финансии на Либералната партија го поздрави  успехот со рангирањето на високото 12то место на Македонија во извештајот на Светската банка „Doing Business“, но смета дека од ова рангирање постоечките бизниси нема да имаат полза.

-Сепак, од ова рангирање полза нема да видат постоечките бизниси ниту ќе се подобрат платите на вработените. Извештајот претежно се потпира на законските решенија во рангираната земја, но не ги зема во предвид нивните суштински спроведувања. Ако се зема параметар за отворање на бизнис, тогаш е потребно да се земе и параметар на затворање на бизнис – овде доаѓа до израз субјективните мерки на владата во Македонија, се вели во соопштението на Либералната партија.

Од ЛП велат дека во извештајот на Светската банка се земени предвид само десет параметри според кои се прават рангирања на земјите меѓу кои: започнување на бизнис, добивање на струја, регистрација на имот, плаќање на давачки, заштита на малцинските сопственици, меѓуграничен промет.

-Главните индикатори за влошената деловна клима се наведени во бројни извештаи за Македонија од релевантни институции: лошото судство, немањето слобода во медиумите, притисок кај фирмите со казни и преземања, големиот буџет и неконтролираните трошења во несуштински работи, изјави Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии на Либералната партија.

Поврзани новости