ЛП: Брзи избори ќе ја продлабочат кризата

by Фокус 12:18
12:18

Форматот на тековните преговори е надминат, а Пржинскиот договор е оштетен, смета Либералната партија.

„Недостатокот од прочистен избирачки список и од суштински медиумски реформи, спречува било какво преговарање за датум за брзи избори. Тие повеќе се теснопартиска калкулација и вовед во нова криза, отколку решение. Локалните избори не може и не смее да бидат поправен испит за промашени „брзи избори“ ниту во партиска, ниту во системска смисла“, сметаат либералите.

Партијата на Ивон Величковски ги поддржува протестите на граѓаните како легитимна одбрана на владеењето на правото и темелните уставни и европски вредности во Македонија.

 

 

Поврзани новости