Лозарите од Тиквешијата бараат отворање на границите за извоз на македонско грозје

by fokus 18:23
18:23

Да се отворат границите за извоз на македонско грозје и да се контактира со странските амбасадори околу ова прашање, побараа вечерва лозари на состанок со пратеници од Тиквешијата. Откако синоќа дел од нив имаа средба со претставници во новиот Парламент од редовите на СДСМ, сега се сретнаа со народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Министерството за земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство под итно да извршат увид во винарските визби за да се констатираат нивните залихи, гласи еден од заклучоците.

- Advertising -

Присутните на средбата беа децидни дека нема да дозволат цената за килограм грозје оваа година да биде пониска од производната. Затоа што, како што беше речено, лозарите не можат да преживеат, а камоли да реинвестираат во лозарството. Доколку откупувачите немаат слух за нивните барања, најавија и порадикални мерки.

Беше споменат и предлогот, вишокот на грозје да го откупи државата и да го преработи во вински дестилат.

Поврзани новости