Лоши вести за Меси

by Fokus

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, нема да учествува во претстојната контрола на Аргентина против Мароко, која ќе се игра во вторник во 20 часот во Танжер.

Триесет и едно годишниот фудбалер врати во игра за „гаучосите“ при поразот од 1:3 од Венецуела вчера. Сепак, тој претрпе повреда во препоните, изјавија од Аргентинската фудбалска асоцијација.

Засега, нема јасност за тоа колку долго Меси нема да игра и дали ќе пропушти некои од претстојните натпревари на Барса.

Поврзани новости