Локалните избори ќе се одржат на 17. октомври, изјави Заев

by fokus

Датумот на одржување на локалните избори останува ист, односно 17 октомври, изјави премиерот Зоран Заев и покрај дилемите за тоа дали кампањата за изборите ќе се поклопи со претстојниот попис.

-Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно, нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот се одлучи трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите, рече Заев.

Поврзани новости