Локализиран пожарот кај Делогожда, се работи на целосно гасење

by fokus

Локализиран е пожарот што вчера зафати голема површина нискостеблеста шума на планината Караорман, во близина на струшкото село Делогожда.

Поради непристапноста на теренот, кој е висок и стрмен екипите на Територијалната против-пожарна единица од Струга не можеле да интервенираат, а на негово локализирање и целосно гасење работат екипи на Шумското претпријатие.

Поради силината на огнот и ветерот кој што дуваше синоќа, постоела можност за ширење на пожарот кон селото Поум.

Екипите на струшката пожарна, како што информира заменик командирот Ристе Талевски, утрово интервенирала на два пожари во селата Боровец и Лабуништа.

-Уште еднаш ќе упатам апел до населението да не пали оган на отворено, кој што лесно може да излезе од контрола и да предизвика несакани последици, изјави Талевски.

Полицијата најави зајакнати мерки за превенција од пожари и санкции за лицата што ќе предизвикаат пожар.

Поврзани новости