Лога потпиша: Името Ванчо Михајлов претставува навреда за македонскиот народ

by Fokus

Министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша Решението со кое барањето за добивање на одобрение за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на Здружението Културен Центар Иван Михајлов-Битола се одбива како неосновано, информираа од Министерството за правда.

„Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван ( Ванчо ) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество. Во членот 9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности“, соопштија од Министерството.

Поврзани новости