ЛОЕСЈЕ Битола: Критичката мисла е моќно оружје во борбата со општествените предизвици

by Fokus

ЛОЕСЈЕ е меѓународната мрежа на невладини организации што го користи методот на креативно пишување за активно подигнување на свеста за општествените проблеми. Во 2018 година, ЛОЕСЈЕ Битола се појавува во градот на конзулите, распространувајќи еден поинаков дух, креативен и инспиративен, а граѓаните имаа можност да ги погледнат нивните постери низ градот.

– Изразувањето на критичката мисла е едно многу моќно оружје во борбата со општествените предизвици“ вели претседателката на ЛОЕСЈЕ Битола, Марина Трајковска, која тврди дека активизмот на невладиниот сектор е еден константен и непрекинлив процес.

Здружението, во 2020 година работеше на проектот „Вистинскиот момент може да е сега“, поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

– Овој проект имаше за цел да ги поддржи и поттикне младите за време на пандемијата. „Младите можат да бидат поактивни од вирусот“, појаснува Александра Гатовска, проектен менаџер во организацијата, која смета дека овој проект се реализира во највистинско време, тогаш кога е најпотребно.

Покрај работилниците за креативно пишување, се организираа и работилници за поддршка на менталното здравје. Во овој проект се приклучија и иницијативата против говор на омраза „Без дозвола“ од Битола како и здружението „Мој психолог“ од Скопје, кои придонесоа кон уште поуспешно имплементирање на самиот проект. Вклучени беа голем број на млади луѓе, кои преку својата активност, докажаа дека ваквите проекти се повеќе од потребни.

ЛОЕСЈЕ почнува како приказна уште пред 30 години во Холандија, а потоа се проширува во повеќе од 20 земји, претставува едно креативно решение, за подигнување на свеста во нашето општество

Поврзани новости