Лоба: Музичкото анплагд матине на мојот ЈуТуб ќе ви овозможи да уживате во албумот „Нов свет“

by Fokus 15:25
15:25

Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум “Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на ЈуTуб каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.

– После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме – го правиме. Ве поканувам на мојот ЈуTуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна, вели Викторија Лоба.

- Advertisements -

Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен Вокал, Кристијан Кожумановски бас гитара, Теодор Теодосиевски тапани, Стефан Алексовски клавијатури, Филип Попов гитара, а продукција на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино.

Песните Нов свет, Една единствена, Само мој, Дојди, Опиум и Воздушка се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

Линк од музичкото матине: https://www.youtube.com/watch?v=ffEeJzI8Kys&list=PLbrzawPa0kS2JWK-n9SoZDHEt3HKg9Lys

Поврзани новости