Лице во униформа на „Паркови и Зеленило“ нападнало 70-годишен скопјанец

by fokus

Непознато лице кое било облечено во униформа на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ нападнало 70-годишен човек во текот на вчерашниот ден, пренесува МВР.

„На 13.09.2018 година во 13.30 часот во Полициската станица Центар, К.Б.(70) пријавил дека истиот ден во 08.40 часот на улица „11-ти Октомври“, во паркот „Жена Борец“, физички бил нападнат од непознато лице кое било облечено во работна униформа на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“

Поврзани новости