Лице барано од Интерпол приведено на преминот „Богородица“

by fokus 10:25
10:25

Рано утрово, државјанин на Република Македонија било приведено откако било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по меѓународна потерница од Интерпол.

„На 10.04.2019 во 04.15 часот на Граничен премин „Богородица“, при контрола било констатирано дека лицето З.Т.В.(46) од Република Бугарија се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по меѓународна потерница од Интерпол, по потрага од Република Романија. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка“, пренесуваат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости