Лицата со посебни потреби и викендов ќе спијат пред Собрание

by fokus

Лицата со посебни потреби заедно со нивните родители и овој викенд ќе преспијат пред Собранието, со цел нивните проблеми да станат видливи за оние кои ги носат законите.

Граѓанската иницијатива „5ДО12“, која е организатор на протестниот камп кој ќе трае до понеделник, најавува повеќе работилници, перформанси и активности кои ќе се случуваат за време на нивниот престој во „Жена Парк“.

-Повторно ќе им се обратиме на надлежните институции – да дојдат, да не видат, нас и нашите деца и заедно да разговараме за решенијата кои се однесуваат не само на нашите деца, сега и овде, туку и на сите следни генерации. Еднаш веќе покажавме дека можеме и сами да се организираме и да се мобилизираме и да собереме преку 30.000 потписи за поддршка на Иницијативата 5ДО12, напиша на својот фејсбук профил Зоран Мијалков, еден од иницијаторите на кампот.

Поврзани новости