Лицата над 30 години во Грција имаат можност да примат четврта доза од вакцината против Ковид-19

by Fokus

Граѓаните во Грција на возраст од 30 до 59 години, од денеска, доколку сакаат, можат да закажат термин за вакцинација со четврта доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Вакцинацијата не е задолжителна, а според Националната комисија за имунизација иако „не постојат доволни научни податоци за дополнителната придобивка што би ја понудила втората бустер доза со постоечките вакцини“, сепак им се дава можност на лицата над 30-годишна возраст да се вакцинираат.

Со четврта доза, односно втората бустер доза веќе се вакцинираат граѓаните постари од 60 години, а Комисијата за имунизација по одржаниот состанок во четвртокот соопшти дека останува силна препорака за вакцинација за конкретната старосна група.

-Во однос на општата популација под 60 години, Националната комисија за имунизација посочува дека во моментов не постојат доволни научни податоци за дополнителната придобивка што би ја понудила втората бустер доза со постоечките вакцини. Сепак, Националната комисија за имунизација препорачува да им се даде можност за вакцинација со втора бустер доза на лицата на возраст од 30 до 59 години, доколку сакаат, соопштија во четвртокот од Министерството за здравство на Грција.

Граѓаните од конкретната старосна група, од денеска можат да закажат термин за вакцинација.

Поврзани новости