Лишена од слобода кичевчанка поради пронајдена дрога

by Fokus

Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости