Лилјана Поповска се откажа од добитно место на пратеничката листа на СДСМ

by fokus 15:35
15:35

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, денеска на прес конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место кое го имаше на листата на СДСМ и ќе се бори од друго место за кое, како што рече, сега се смета за недобитно.

-Се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега. Никогаш не сум жалела за моите постапки, нема ни сега, рече Поповска.

- Advertisements -

Таа беше на четврта позиција во третата изброна единица, а од јавноста следеа жестоки критики поради тоа што таа беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости